Кремаста непечена ТОРТА СО ЈАГОДИ: Освежувачка, лесна за подготовка и се топи во уста!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Слатка за вистински хедонисти! Освежителна, лесна торта што се топи во уста! Комбинацијата од ванила и јагода е секако непобедлива, а кога бисквитите ќе се измешаат во сето тоа, добивате вкус кој не се заборава.

Состојки:

  • 2 пакувања бисквити
  • 1 литар млеко
  • 3 пудинзи од ванила
  • 250 мл слатка павлака
  • 200 гр крем сирење
  • 6 лажици шеќер

Фил:

  • 400 гр јагоди
  • вода
  • 5 лажици шеќер
  • пудинг со вкус на јагода
  • 10 гр желатин (1 кесичка)

Подготовка:

- Advertisement -

Прво сварете пудинг од ванила, и кога ќе се олади во него додадете ја слатката павлака и изматете. Потоа додадете крем сирење и изматете уште малку. Филот со ванила е готов.

Исечете ги јагодите и додадете 500 мл вода, шеќер по желба, а потоа ставете го на шпорет да зоврие. Гответе 2-3 минути. За тоа време, промешајте го пудингот со 200 мл вода, и натопете го желатинот во 5 лажици вода.

Јагодите може да ги изгмечете малку како кога ќе испасирате компири, а потоа додадете ги во пудингот и измешајте. Додадете стопен желатин во пудингот и енергично промешајте. Да знаете, нема многу да згусне. Извадете го од шпоретот и оставете да се олади 5-10 минути.

На дното на калапот наредете ги бисквитите потопени во млеко. Ставете половина од белиот (ванилин) фил над него. Оставете во фрижидер околу 10 минути и потоа истурете половина од филот од јагоди. И потоа ставете го во фрижидер 10-15 минути, а потоа прелијте го со остатокот од филот со ванила, а потоа и со остатокот од филот со јагоди.

Од страните можете да украсите со бисквити (пишкоти) како на сликата.

Оставете преку ноќ, или барем неколку часа во фрижидер, а потоа послужете и уживајте во совршениот вкус.

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!