КРАТОВСКИ МАНТИИ: Стар оригинален рецепт за сите стари и нови гурмани!

Вреди да се проба:

Реклама

Стар рецепт познат само на постарите генерациите. Старите домаќинки со задоволство ќе се сетат на овој прекрасен деликатес од минатото.

Состојки:

  • 800 гр брашно
  • 1/4 коцка квасец
  • 500 мл. минерална вода
  • 1 коцка маргарин
  • 250 мл масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер

Прелив:

Реклама
  • 1 л јогурт или кисело млеко
  • 3-4 чешниња лук

Подготовка:

Во сад ставете брашно, сол, шеќер и малку квасец. Замесете го тестото со додавање на минерална вода. Откако ќе го замесите тестото оставете го да отстои околу 10 минути на собна температура.

Потоа тестото тазмесете го уште еднаш и оставете го да отстои уште 10 минути. Откако ќе отстои ставете го на набрашнета површина и расукајте го во поголема кора. Кората премачкајте ја со полурастопен маргарин во масло.

Реклама

Со нож се расекува во форма на сонце, така што на средина стои кругче а краците се преклопуваат наизменично и се премачкуваат со полурастопен маргарин во масло. На тој начин ќе добиете повеќеслојно тесто како лиснато и оставете го повторно да отстои 10 минути.

Тестото повторно расукајте го во поголема кора и премачкајте го со полурастопен маргарин во масло. Кората сега исечете ја со нож на квадратчиња. Две квадратчиња со приближна големина се редат едно врз друго и се ставаат во плех за печење.

Се печат во загреана рерна 15 минути на 250 степни. При крајот на печењето подгответе го преливот. Измешајте јогурт или кисело млеко со изрендан лук и малку сол, и кога ќе ги извадите готовите мантии од рерна полијте ги со оваа смеса. Потоа вратете ги во рерна да се допечат уште 5-10 минути. Уживајте во ова прекрасно традиционално јадење.

- Advertisement -

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -