Кратовска пастрамајка: Мајка на пастрамајлиите!!!

Вреди да се проба:

Реклама

Пастрамајката е јадење кое е актуелно во зимскиот период и супер оди со една чаша црвено винце. Ова јадење е традиционално и познато во нашите краеви, и во начинот на правење се разликува од град до град.

Инаку сторијата за пастрамајката доаѓа од дамнешни времиња (пред околу 100 години) каде во минатото, луѓето од овој регион наместо пушено месо и сланина употребувале солено овчо месо (пастрма) ложено во каче, од кое го добива и името. Со текот на времето ова е исфрлено од употреба и рецептот е пренаменет со користење на свинско пушено месо.

Реклама

Ние ќе ви го пренесеме рецептот за кратовската пастрамајка кој е актуелен во денешно време.

Состојки:

Тесто: (за две пастрамајки)

Реклама
  • 500 гр брашно
  • 1 свеж квасец
  • сол
  • малку зејтин
  • 1 лажиче шеќер

Месо:

  • 400 гр домашно пушено месо
  • 100 гр пушена шарена сланина

Подготовка:

Квасецот се разматува во малку вода и пола лажиче шеќер. Во брашното се прави дупче, се става солта, квасецот и малку вода. Се замесува, полека додавајќи вода, за тестото да не биде ни многу меко ни многу густо. Откако ќе се замеси, тестото се става во вангла покриено на собна температура, треба да стаса, околу 1 саат.

Откако ќе нарасне се премесува без многу стискање. Се дели на 2 еднакви дела. Се прават топчиња, и се ставаат во подмачкано плехче. Пак се покриваат за да стасаат, но не многу, да не биде многу нараснато но не и многу сплескано.Парчињата тесто се прават со рацете така што да бидат долгнавести во форма на кајак.

- Advertisement -

Парчето пушено месо кое однапред се спрема се сече на не многу тенки листови и се меша со исецканата сланина и се распоредува на двете пастрмајки.

Се става да се пече на 250 степени кратко време, ќе забележите дека е готово кога краевите ќе станат златести.

Кога пастрмајките ќе се испечат се премачкуваат со маргарин од краевите, или по старински начин се премачкуваат со мрснотијата која е пуштена од сланината во неа.  Потоа се покриваат за да омекнат.

Дополнително, по желба, може  да се стави јајце врз неа во текот на печењето.

Како прилог одлично оди со лути пиперчиња и чаша црвено вино.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -