Направете фантастична празнична салата од компири, пилешко и варени јајца.




Вистинската кралица на новогодишната трпеза – кралската салата во вид на подарок е ненадминато мезе. Главни состојки се пилешко, мајонез, јогурт, зеленчук и варени јајца, а повеќето состојки се рендани. Доколку организирате новогодишна прослава дома, ќе ги воодушевите гостите со овој рецепт. Ставете го на средината на масата и очекувајте задоволство, како по вкус, така и по декорација.




Декорирањето можеби изгледа комплицирано, но сè е лесно да се направи, од облици до рози од ротквица. Вистинската црвена боја која ја симболизира радоста на салатата ја дава цвеклото, па се е природно и супер вкусно.
Состојки:
- 500 гр варени компири
- 3 варени моркови
- 2 варени белки
- 3 варени жолчки
- 300 гр кисели краставички
- 1 млад кромид
- 350 гр чадени пилешки гради
- 200 гр мајонез
- 200 гр грчки јогурт
Подготовка:
Компирите, морковите, белките и жолчките изрендајте ги, но сè одвојте во посебни чинии. Киселите краставички и младиот кромид исечкајте ги ситно, а пилешките гради исечкајте ги на коцкички. Во еден сад измешајте мајонез и грчки јогурт.




Ренданите компири поделете ги на три дела. Во квадратен калап (ако имате) ставете парче варен компир. Нанесете мајонез врз компирите, а потоа рамномерно намачкајте со мешавина од мајонез и грчки јогурт. Рамномерно распоредете ги киселите краставички, па повторно премачкајте со мешавина од мајонез и грчки јогурт.




Израмнете убаво, па додадете еден слој чадено пилешко, па мајонез, комбинација од мајонез и грчки јогурт, па последниот слој рендан варен компир, бел мајонез и сос од јогурт и на крај рендан морков, мајонез и посипете со исечкан млад кромид.




Над него додадете мајонез, па повторете ги сите слоеви уште еднаш. Како последен слој, посипете ги со ренданите жолчки и белките, а потоа завршете со мајонез и рамномерно намачкајте го врвот да биде целосно бел. Оставете ја салатата во фрижидер да отстои 1 час.




За декорација користете ротквици, излупете ги и исечете тенки прстени. Оставете ги прстените да отстојат во водата околу 10 минути. Наредете ги прстените еден под друг, но така што краевите се преклопуваат, а потоа со прстите полека извртувајте од врвот до дното додека не добиете рози. Прободете ги розите со две чепкалки за да ги задржите.




Извадете ја салатата од калапот, а потоа ставете хартија врз салатата во облик на крст за да направите подарок и машничка. Нанесете цвекло на сите делови од салатата кои немаат хартија, и одозгора и од страните. Отстранете ја хартијата и наредете ги розите од ротквицата во средината и од страните на салатата. Како дополнителна декорација ставете гранчиња рузмарин.




Пријатно!