Рецептите за јадења во тава се брзо решение кога сакате да јадете нешто брзо, фино и здраво, а брзото пржење е идеален начин да се зачува целата сладост на ракчињата.




Ако сакате да јадете брз, но здрав ручек, ракчињата во тава е идеално решение. Брзата подготовка на начин на пржење заштедува време при подготовка на храна, а дополнителен плус е што не вадиме хранливи материи од здрави состојки.




Состојки:
- 300 гр исчистени ракчиња
- 150 гр варен грашок
- 1 пиперка
- 1 лажичка семе од сусам
- 1 млад кромид
- Масло за пржење




Сос:
- 3 лажици соја сос
- 2 лажици сос од риба
- 1 лажица оцет
- 1 лажичка кафеав шеќер
- 1 лажица свежо рендан ѓумбир
- 1 лажичка лук во гранули
- 1 лажичка масло од сусам
- 1 лажичка пченкарен скроб
- 1 лажичка лут сос по желба




Подготовка:
Измешајте сос од соја и риба, оцет, кафеав шеќер, ѓумбир, лук, масло од сусам, пченкарен скроб и лут сос и вашиот сос е подготвен.




Загрејте го маслото во голема тава на средна топлина. Додадете ракчиња и пржете додека не поруменат, околу 2-3 минути. Извадете ги на чинија. Во тава ставете исечен кромид и пиперки исечени на стапчиња и пржете околу 2 минути. Додадете го зготвениот грашок и пржете со често мешање, околу 2-3 минути. Вратете ги ракчињата во тавата.




Истурете ја мешавината од соја сос и мешајте додека не се соедини добро и малку згусне, околу 1-2 минути.
Послужете со тестенини и посипете семе од сусам и исечен зелен кромид.




Добар апетит!