Компир со печурки: Посен ручек кој ќе го обожавате!

Вреди да се проба:

Реклама

Здравиот и избалансиран оброк е добредојден во секое време.

Состојки:

  • 600 гр. компири
  • 1 главица кромид
  • 200 гр. печурки
  • 1 морков
  • супа од зеленчук (по потреба)
  • 50 гр. грашок
  • сецкан магдонос (по желба)
  • толчен ким по вкус
  • сол по потреба
  • масло по потреба

Подготовка:

Излупените и измиени компири, исечени на прстени и ставете да се варат во солена вода до полумеки. Потоа исцедете го добро полусварениот компир и ставете го на топло место.

Реклама

Испржете сецкан кромид на малку масло, додадете го морковот сецкан на кругови и печурките сецкани на листови. Истурете ја супата од зеленчук и оставете кратко да се динста смесата.

Потоа зеленчукот измешајте го заедно со сварениот компир. Додадете грашок и ситно сецкан магдонос и ставете го во намастена тава. Зачинете со сол по желба и посипете со толчен ким а потоа ставете го да се пече.

Реклама

Печете во загреана рерна на 180 степени, додека да порумени.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -