Компири со кромид и сланина: Вкусен и сочен оброк кој мами со својата арома!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Компири, кромид и сланина, сите печени во рерна, со малку салата и ручекот е готов.

Компирите во оваа комбинација се многу вкусни и сочни бидејќи ги примиле сите вкусови и ароми на кромид и сланина.

Состојки:

  • 2 глави кромид – поголеми
  • 100 мл масло
  • сланина – количина по избор, но подобро би било да ја има повеќе
  • 1 лажичка сув зачин
  • половина лажичка пиперка
  • 4-5 големи компири
  • 2 јајца
  • 200 – 250 мл јогурт

Подготовка:

Ставете ги компирите со лушпа да се варат во тенџере на шпорет. Варете ги околу 20 минути, додека компирите не се полу сварени.

- Advertisement -

Исечкајте го кромидот и ставете го во тава да динста, додадете му масло и чаша вода. Кога водата ќе испари, додадете ја сечканата сланина и сè заедно пропржете на средна температура. За сланината да ги ослободи мастите и малку да порумени.

Сварените компири изладете ги во ладна вода и исечете ги на прстени. Намачкајте огноотпорен сад и на дното ставете третина од кромидот и сланината. Разнесете по малку насекаде. Наредете преку тоа половина од компирите и посолете малку.

Повторно една третина од кромид и сланина, компири и одозгора завршувате со кромид и сланина. Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. Изматете ги јајцата и јогуртот, додадете малку сол и прелијте ги компирите, кромидот и сланината. Печете еден час. Така испечено јадењето, изладете го малку и послужете со салата.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!