Комитска вечера – вкусна посна вечера со праз и печурки

Вреди да се проба:

Во деновите на велигденскиот пост, честопати се разменуваат рецепти за посна храна. Овој рецепт е идеален за посната трпеза.

Потребни состојки:

  • 2 страка праз
  • 200 гр. свежи шампињони
  • бибер во зрна
  • вегета
  • зачини
  • сушен штавел и коприва по желба

Начин на подготовка:

За 4 лица – Се сече празот на четвртинки за (варење, пржење ) во тенџере. Се динста 7-10 минути на вода, по желба може на маслиново масло.

- Advertisement -

Кога ќе омекне се додаваат 200 грама свежи печурки, т.е. шампињони исечени на четвртинки и заедно се продолжува со динстање уште 6-8 минути.

Потоа смесата се става во мало тавче се меша со бибер во зрно, вегета, сол по вкус.  Се додаваат останатите зачини како сушен штавел и коприви.

Се става во рерна тавчето и се пече 7-10 минути на 220 степени Целзиусови.

На здравје!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!