Валаните колбаси се прават брзо, а се идеални за појадок или детски родендени.




Доколку ви треба за поголем број гости, брз појадок или вечера, за тоа се идеални роланите колбаси. Потребни ви се само четири состојки, а резултатот ќе биде повеќе од задоволителен.




Состојки:
- 500 гр лиснато тесто
- 12 тенки колбаси
- 1 јајце
- сусам за посипување
Подготовка:




Колбасите ставете ги во тавче со многу малку масло, па кратко пропржете ги од сите страни. Оставете ги на хартиена крпа да се исцедат од вишокот масло и оставете малку да се изладат.




Тенкото лиснато тесто исечете го на ленти со дебелина од околу 3 см. Лиснатото тесто завиткајте го околу секоја колбасица, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење.




Премачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам, па печете на 220 степени додека не поруменат, околу 15 минути. Оставете малку да се излади, па послужете со прелив по желба.
Пријатно!