За ТОПЛО – ЛАДДНО колачот потребни ви се само три состојки и вкупно дваесет минути.




Состојки:
- 3 јајца
- 30 гр брашно
- 250 гр млечно чоколадо
Подготовка:
Изматете ги јајцата и брашното, и растопете го чоколадото на пареа. Во брашното и јајцата додадете го растопеното чоколадо, убаво измешајте, па наполнете ги калапите за мафини кои претходно сте ги намастиле.
- Advertisement -




Ставете го калапот со смесата во загреана рерна на 200 степени на 7-8 минути.
Обрнете посебно внимание на времето на печење, бидејќи секоја минута подолго може да значи дека колачот ќе се претвори во кифла. Послужете топло, веднаш откако ќе го извадите од рерна, а како додаток и убаво освежување е топка сладолед.




Уживајте!