Совршен спој на вкусови и супер десерт за било кој период од денот. На вас останува само да го приготвите и да се почестите со нешто неодоливо слатко.




СОСТОЈКИ:
- 250 г путер
- 300 г шеќер
- 4 јајца
- 230 г брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 85 г кокосово брашно
- 3 лимони (60 мл сок од лимон и 3 лажици рендана кора од лимон)
- малку шеќер во прав (за посипување)




ПОДГОТОВКА:
Пенесто изматете го путерот заедно со шеќерот па едно по едно додадавајте ги јајцата.
- Advertisement -
Прашокот за пециво и кокосовото брашно измешајте ги со брашното и додадете ги во смесата со путер и јајца.




Накрај додадете го сокот од лимон и кората од лимон.
Тавата за печење (20×30см) обложете ја со хартија за готвење и истурете ја смесата.




Печете на 180 степени, околу 30 минути или се додека ништо не се лепи на чечкалицата.
Оставете го потполно да се олади пред да го сечете. Пред сервирање, посипете го со шеќер во прав.




Добар апетит!