Реклама
Брза торта со вишни и бисквити е одлично решение кога ви треба нешто слатко, а за кратко време.




Состојки:
- 300 гр искршени бисквити
- 300 гр мелени бисквити
- 400 мл јогурт
- 300 гр цреши
- 50 мл вода
- 10 ггр пченкарен скроб
- 100 гр шеќер
- 150 гр темно чоколадо
Подготовка:




Измешајте ги искршените бисквити, мелените бисквити и јогуртот. Соединете ја смесата, па половина истурете ја во калап обложен со хартија за печење.
Реклама




Пченкарниот скроб измешајте го со вода, па во шерпата ставете вишни, шеќер и скроб. Гответе, и кога ќе бидат готови вишните, половина од смесата прелијте врз бисквитите кои веќе ги ставивте во калап, па уште еден слој бисквити и останатите вишни.




Чоколадото растопете го па прелијте го колачот одозгора. Ставете го во фрижидер 2 часа да се излади и послужете.
Реклама




Пријатно!