Меко совршенство на вкус што можете да го јадете без каење!




Состојки:
Кора:
- 100 гр масло
- 200 гр шеќер
- 2 јајца
- 1 павлака (180гр)
- 600 гр брашно
- 1 прашок за пециво
Фил:
- 1 л млеко
- 100 гр густин
- 2 лажици какао
- 300 гр шеќер
- 250 гр путер
Глазура:
- 50 мл вода
- 50 гр путер
- 200 гр чоколадо




Подготовка:
Изматете ги маслото и шеќерот во пена, а потоа додадете ги јајцата и павлаката и продолжете да мешате. На крај, додадете брашно измешано со прашок за пециво и замесете мазно тесто. Поделете го замесеното тесто на 4 дела. Направете од секое парче правоаголник со димензии 40х30 см на следниот начин: ставете го тестото над хартијата за печење, ставете парче целофан или друга хартија за печење одозгора и расукајте ја кората со сукало. Повторете го процесот со сите кори.




Загрејте ја рерната на 180 степени. Секоја кора печете ја на превртено плехче, заедно со хартијата за печење на која сте ги развиле. Печете ги корите 6-8 минути – тие мора да останат бели, извадете ги веднаш штом рабовите почнат да добиваат златна боја. Наредете ги корите едни врз други заедно со хартијата, а одозгора поставете рамен плех за да ја задржите формата на правоаголник.




За филот, ставете 900 мл млеко да зоврие заедно со 300 гр шеќер. Измешајте 100 мл млеко со густин и какао, а потоа истурете во млекото што врие. Гответе како пудинг, мешајќи постојано. Кога ќе се згусне, тргнете го од оган, префрлете го во подлабок сад и покријте го со фолија. Оставете да се олади додека не биде млако. Измешајте го путерот во млакиот фил и добро изматете.




Филувајте ја секоја кора и ставете ги една врз друга. Не ја филувајте последната кора. Одозгора ставете некој предмет врз тортата и оставете ја во фрижидер да се излади добро и да се зацврсти.




За глазурата, ставете вода и путер да зоврие, а потоа кога ќе се стопи целосно, тргнете го од оган и додадете го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека не се изедначи. Истурете ја врелата глазура врз изладениот колач и рамномерно распоредете ја со шпатула. Оставете во фрижидер да се зацврсти. Пред сечењето, оставете го колачот кратко на собна температура.




Уживајте!