Ќе го обожавате!




Состојки:
Кора:
- 100 гр чоколадо за готвење
- 80 гр маргарин
- 4 јајца
- 120 гр шеќер
- 160 гр брашно
- 50 гр кокос
- 150 мл млеко
- 1 лажиче прашок за пециво




Фил:
- 300 мл млеко
- 70 гр шеќер
- 50 гр густин
- 60 гр кокос
- 100 гр путер или маргарин




Подготовка:
Стопете го чоколадото, млекото и маргаринот и оставете да се изладат. Изматете ги белките со шеќер, а потоа додадете жолчки. Полека истурете ги во оладеното стопено чоколадо и нежно промешајте со миксер. Потоа додадете брашно измешано со прашок за пециво, кокос и уште еднаш измешајте се добро.




Поставете плех со хартија за печење и истурете ја смесата за кора. Печете 25 минути на 180 степени. Испечената топла кора ставете ја на влажна крпа и превртете ја во ролна/ролат.




За филот измешајте шеќер, густин и малку млеко, на оган ставете го остатокот од млекотои кога ќе се стопли додадете ја смесата и мешајте,. Варете го филот на тивок оган. Кога ќе се згусне, тргнете го од шпоретот, па додадете маргарин или путер и мешајте додека не се стопи. Кога филот ќе се олади, додадете го кокосот и нежно промешајте со лажица.




Одвиткајте ја кората, премачкајте ја со филот и се завиткајте повторно во ролна. одозгора можете да го украсите или премачкате ролатот со остаток од филот доколку тргнете на страна или слатка павлака.




Уживајте!