Кога ќе помешате пилешко со овие намирници ќе добиете неверојатен ручек!

Вреди да се проба:

Кремасто пилешко кое ги буди сите сетила!

Состојки:

  • 500 гр. пулешки гради
  • 300 гр. шампињони
  • 5-7 шери домати
  • 1 страк праз
  • 1 луто пиперче
  • 200 мл. павлака за готвење
  • 200 мл. бело вино
  • 100 гр. сланина
  • 3 чешниња лук
  • сол
  • црн бибер

Подготовка:

Во длабока тава испржете го месото и оставете го на оган да крчка.

- Advertisement -

Во истата тава со прженото месо додадете малку сецкана сланина, потоа ситно сецкан праз и на крај шампињоните. Сето тоа оставете да се готви и динстајте го на среден оган околу 10 минути.

Потоа додадете ги ситно сецканото луто пиперче, лукот, шери доматите и прелијте ги со вода колку да ги облие. Посолете и забиберете по вкус, убаво промешајте и оставете на оган да крчка околу 20 минути.

На крај додадете ја павлаката за готвење и гответе уште 10 минути.

Сервирајте со варен компир и бело вино.

На здравје!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!