КИФЛИЧКИ СО СИРЕЊЕ: Меко тесто готово за кратко време, ќе бидете воодушевени!

Вреди да се проба:

Реклама

Домашните кифлички со сирење се идеални за појадок или вечера со јогурт.

Меки, сочни и вкусни кифлички може да се полнат со пршута, сирење, кулен… или да се остават празни. Пробајте нов начин на извртување на тестото ќе ве воодушеви.

Реклама

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 20 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 1 јајце
  • 30 мл масло
  • 200 мл млеко

Подготовка:

Во млако млеко растопете го квасецот и шеќерот, а кога ќе нарасне додадете јајце, масло, брашно и замесете мазно тесто, оставете го да одмори, протресете го тестото на набрашнета маса. Поделете го тестото на 8 еднакви делови и обликувајте ги во топчиња и покријте ги со фолија.

Секое топче расукајте го со сукало по должина, долниот дел исечете го на 1 см, средината исечете ја на неколку ленти. Во горниот дел ставете го сирењето, а горниот дел малку превиткајте го и притиснете со прстите. Соберете ја малку средината, па одоздола подвлечете ја исечената лента и свиткајте ја и спојте ја.

Реклама

Завиткајте во кифличка и свртете. Се редат во подмачкана тава. Покријте ги да одморат, па премачкајте со жолчка и печете на 200 степени.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -