Кисели корнишони во тегла: Домашна подготовка!

Вреди да се проба:

Реклама

Киселите краставички се честопати неминовна состојка на нашата трпеза. Освежителни, вкусни и замена за салата и добро мезе. Еве како дома да ги подготвите и секогаш да ги имате при рака.

Состојки:

  • 5 кг корнишони
  • 3 литри вода
  • 1 литар оцет
  • 3 лажици зачин
  • ловоров лист
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици сол
  • 1 винобран
  • зрна бибер
  • семе од синап.

Подготовка:

Измијте ги корнишоните во неколку води, ставете ги на чиста крпа да се исцедат и наредете ги исправени во претходно измиени тегли. Додадете по еден лорбер, зачин, една лажичка семе од синап и малку зрна бибер во секоја тегла.

Реклама

Потоа направете го преливот со кој се полнат теглите: Измешајте вода и оцет, додадете сол и шеќер, добро измешајте и оставете да зоврие. Кога ќе почне да врие, тргнете го од шпоретот. Оставете малку да се излади, потоа додадете го винобранот и промешајте да се стопи добро. Истурете го преливот во теглите за целосно да ги покриете краставиците и затворете ги секој добро со капак.

Потоа наредете ги теглите во широка шерпа, на чие дно прво ќе ставите една крпа. Истурете млака вода до вратот на теглата и ставете ја на шпорет да зоврие водата околу 15 минути. Кога краставиците добиваат светло зелена боја, а меурчињата од дното на теглата се движат кон капакот, тоа е знак дека корнишоните се подготвени. Извадете ги од топлата вода и ставете ги во ќебе така да ја поминат ноќта.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -