КИНДЕР ТОРТА без печење: Додадете 1 ТАЈНА СОСТОЈКА за крцкав и сосема поинаков вкус!

Вреди да се проба:

Реклама

Торта со киндер чоколади е идеален избор за сите прослави.

Најидеално за оваа торта би било доколку купите крцкав подуен ориз. Ако не го најдете, ќе послужи и обичниот едноставно нема да го има тој крцкав вкус. Ако користите обичен тогаш добро процедете го и исушете го.

Реклама

Бисквитната основа, над филот со ориз, а потоа киндер чоколадниот фил и на крај чоколадната глазура ја прават оваа торта неодолив и празничен избор за сите дружења.

Состојки:

За кората:

Реклама
  • 150 гр какао бисквити
  • 60 гр стопен путер

За 1 фил:

  • 100 гр ориз
  • 50 гр бело чоколадо

За 2 фил:

  • 250 мл слатка павлака
  • 100 гр шеќер во прав
  • 450 гр крем сирење
  • 10 г ванилин шеќер
  • 250 гр киндер чоколадни бонбони

За глазурата:

- Advertisement -
  • 200 гр чоколадо
  • 100 мл слатка павлака

Подготовка:

Изгмечете ги бисквититеж, па измешајте ги со растопениот путер. Кога смесата ќе се изедначи, притиснете ја во калап со дијаметар од 20 см. Оставете во фрижидер околу половина час.

Оризот сварете го да набабри, па процедете го и добро исушете го. Се меша со стопеното бело чоколадо. Со оваа смеса прелијте ги бисквитите, притиснете, па вратете во фрижидер уште половина час.

Исечкајте ги киндер чоколадните бонбони, па прелијте ги со изматената слатка павлака со шеќер во прав и крем сирење. Добро промешајте. Прелијте го сето тоа врз оризот. Ставете го во фрижидер еден час. Потоа прелијте ја чоколадната глазура што ја добивте со топење на чоколадото со слатката павлака. Ставете го во фрижидер уште 15 минути.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -