За сите љубители на лесни задоволства, еве еден одличен предлог.
Состојки:
- 27 парчиња бисквит
- 200 мл млеко
Фил:
- 2 вреќи пудинг од ванила
- 75 гр шеќер
- 500 мл млеко
- 100 гр сурови лешници
- 30 гр ванилин шеќер
- 20 мл вода
- 250 гр маскарпоне
- 300 гр шлаг
За глазура:
- 100 гр чоколадо
- 40 путер
- 30 гр мелени лешници
Подготовка:
Потопете ги бисквитите во млеко и наредете ги на хартија за печење (3 реда од 9 парчиња).
Измешајте пудинг, млеко и шеќер, па варете додека не се згусне, мешајќи постојано. Покријте и оставете да се излади. Додадете го изладениот пудинг во маскарпонето и изматете, па додадете го шлагот (кој сте го изматиле според упатството) и се комбинирајте убаво.
Во тава истурете лешници, ванилин шеќер и вода. Пржете, па иситнете ги во блендер. Додадете ги во добиениот фил и промешајте. Прелијте ги бисквитите и убаво распоредете на сите страни. Завиткајте го ролатот и оставете го во фрижидер еден час.
Растопете го чоколадото со путерот, а потоа украсете го ролатот со глазурата. Посипете со сецкани лешници.
Уживајте!