Реклама
Кашата од просо е подеднакво вкусна и во сладка и солена варијанта. Ви претставуваме еден прекрасен рецепт за каша од просо и ориз, на која може да и додадете овошки и да имате еден комплетен оброк за појадок!




Состојки:
- ориз 1/2 чаша
- просо 1/2 чаша
- млеко 4 чаши
- шеќер 2-3 лажички
- сол 1/2 лажичка
- путер 1/2 лажица




Начин на подготовка:
Ставете го млекото да се вари. Додадете го оризот, просото, шеќерот и солта.
Реклама
Гответе околу 25 минути на умерена температура со непрекинато мешање.




Отстранете го од оган и покријте го садот. Оставете да отстои околу половина час на топло место. Пред служење додадете половина лажичка путер.
Реклама




Добар апетит!