Постојано се навраќаме на старите рецепти кои ги правеле нашите баби и мајки. Еве еден таков рецепт. Уживајте!




Состојки :
- 1 литар вода
- 300 гр пченкарно брашно
- 300 гр џимиринки
- 300 гр сирење
- малку сол
- малку масло,
Подготовка:




Во тенџере со вода ставете малку сол и масло и оставете го да зоврие. Во чинија со пченкарно брашно додадете сосема малку ладна вода и мешајте се додека не се добие хомогена смеса.




Смесата постепено ќе ја ставате во тенџерето и мешајте се додека не се згусти. Откако ќе се згусти, смесата се остава да се излади. Со лажица се става слој од смесата на тепсија премачкана со масло.




- Advertisement -
Потоа се редат џимиринките и сирењето, а врз нив се става уште еден слој од смесата. Се попрскува со масло и се става во рерна 10 минути да се потпече на 200 степени. Потоа можете пак да наросите џимиринки и сирење одозгора за побогат и подобар вкус.
Пријатно!