КАУРМА на шопски начин: Вкусен старински рецепт кој навистина треба да го пробате!

Вреди да се проба:

Реклама

Народски познато како ”каурма” е старинско јадење со пржени свински дробчиња и праз. Постојат многу разновидни рецепти за подготовка на ова јадење, но ние го издвојуваме токму ова кое некогаш го правеа нашите баби. 

Потребни состојки:

  • 800 гр. свински дроб (црн или бел дроб, може и мешано)
  • 2 страка праз
  • 4 суви црвени пиперки
  • 1/2 доматно пире ( од конзерва)
  • 1 лажица вегета
  • 1/2 лажичка црн бибер
  • 1 прстофат сол
  • 1 шолја брашно
  • 300 мл масло
  • 100 мл вода

Начин на подготовка:

Убаво измијте и исчистете го свинскиот дроб. Потоа насечете го на парчиња.

Реклама

Зачинете со вегета, промешајте и оставете да отстои околу 15 минути.

Во посебен сад измешајте брашно, бибер и прстофат сол. Во оваа смеса истурете го насечениот дроб и добро измешајте го.

Реклама

Вака подготвените дробчиња ставете ги во тава да се пржат, додадете масло и пржете околу 15 минути се додека не добиете златинеста боја на маслото.

Во длабок сад загрејте 5-6 лажици масло и во него издинстајте го празот, претходно насечен на ситно. Динстајте го се додека не омекне.

Потоа додадете ги ситно сечените суви пиперки заедно со доматното пире.  Истурете 100 милилитри топла вода и оставете да се готви.

- Advertisement -

Зачинете по вкус и оставете да се динста околу 15 минути. Потоа додадете го испржениот дроб исцеден од мрснотии. Измешајте добро и поклопете го садот со капак. Динстајте ја каурмата со свински дроб уште 5-10 минути.

Уживајте во вкусот. Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -