Касерола со стар леб и цимет – Совршен појадок кој може однапред да го подготвите

Вреди да се проба:

Реклама

Подгответе го специјалитетот ден претходно, а утрото ставете го во рерна и за еден час имате совршен појадок.

Циметот е омилен зачин за време на божиќните празници, па затоа „обојте“ го празничното утро со оваа совршена арома!

Реклама

Касерола со цимет и стар леб – совршен појадок кој може однапред да го подготвите

Потребни состојки:

  • 1 стар леб (околу 1/2 кг) исечен на парчиња
  • 230 г крем сирење
  • 6 големи разматени јајца
  • 800 мл полномасно млеко
  • 50 г кафеав шеќер
  • 1 мала лажичка цимет
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • Прстофат сол
  • 125 г шеќер во прав
  • 20 г издробени житарки со цимет

Начин на подготовка:

Подмачкајте една голема тава со масло за готвење. Рамномерно распоредете ги парчиња стар леб во садот, преклопувајќи ги меѓусебно. Додадете крем сирење одозгора и помеѓу парчињата, рамномерно распределувајќи ја целата количина.

Реклама

Во голем сад изматете ги заедно јајцата, 3 шолји млеко (700 мл), кафеавиот шеќер, циметот, ванилата и солта додека добро не се измешаат.

Истурете ја смесата врз лебот. Притиснете го лебот за секое парче леб добро да се натопи. Покријте ја тавата со пластична фолија и оставете ја во фрижидерот да преноќи.

Следното утро, загрејте ја рерната на 180ᵒ C. Отстранете ја пластичната фолија и ставете го специјалитетот да се пече 50 до 60 минути, сè додека површината не стане крцкава.

- Advertisement -

Во помал сад, разматете ги заедно шеќерот во прав со 100 мл млеко. Прелијте ја содржината врз касеролата и наросете мелени житарки со цимет.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -