Карфиол од рерна што ќе ги освои за секунда и оние на кои не им се допаѓа!

Вреди да се проба:

Реклама

Карфиолот со зеленчук печен во рерна е совршена вечера за оние кои сакаат вкусна храна, но без месо.

Доколку сакате да се храните здраво, тогаш ова јадење од денес ќе се најде на вашето мени. За овој карфиол, кој прво добро ќе го зготвите, ќе ви требаат повеќе пиперки и домати, кои по динстањето треба само да ги печете во рерна со сирење. Бројните зачини ќе му дадат подобар и поубав вкус на ова јадење, а кога ќе му додадете и ким, кој иако има силен и необичен мирис, заедно со лукот, ќе ви ја направи вечерата вкусна. Инаку, овој рецепт е одличен за вегетаријанците, но и за оние кои постат.

Реклама

Состојки:

  • 1 карфиол
  • 1 кромид
  • 2 домати
  • 250 гр кашкавал
  • 4 пиперки
  • лук, коријандер, ким

Подготовка:

Сварете го посолениот карфиол со малку ким во вода 15 минути додека да омекне. Во малку иситнет и запржен кромид ставете ситно сечкана пиперка, изрендан домат, бибер и додадете ким, пиперка во прав, лук и продолжете да крчкате.

За тоа време исцедениот карфиол прелијте го со малку масло, изгмечете го со вилушка, додадете коријандер и убаво измешајте. Во плехот за печење прво истурете го изгмечениот карфиол, потоа смесата со пиперка и домати добиена со динстање, па изрендајте го кашкавалот и печете во рерна 25 минути на 250°C.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -