За сите љубители на тестенини… Вкусни канелони полнети со мелено месо и прелиени со сос од домати. Кој може да им одолее?
Потребни состојки:
- 1 пакување канелони,
- 400 гр. мелено месо,
- 1 лажица сецкан кромид,
- 1 лажичка вегета,
- 1/2 лажичка оригано,
- 3 чениња лук,
- 5 лажици кечап,
- 1 литар доматно пире,
- 60 гр. путер,
- 400 мл. млеко,
- 250 гр. кашкавал,
- 3 лажици брашно.
Начин на подготовка:
Припрема на сос:
Во тавче на оган се става масло и се пржи претходно исецканиот кромид. Кога кромидот ќе се зарумени се додава меленото месо.
Кога пржењето е при крај се додава вегетата, црниот бибер, ориганото и претходно ситно исецканото лукче. На испрженото месо се додаваат 5 лажици кечап и 250 мл. од доматното пире, па се остава да подизврие уште 5-10 минути и се трга на страна.
Припрема на бешамел сос:
Во тенџерче, на оган, се става пуерот да се стопи, а потоа се дадава брашното и се пржи кратко додека да се зарумени па се додава млекото. Постојано се меша со дрвена лажица додека сосот не се згусти, по што се трга на страна од оган.
Претходно подготвениот сос се додава во бешамел сосот и убаво се мешаат, додека не се добие хомогена смеса.
Со вака подготваната смеса се полнат канелоните една по една и се редат една до друга во тава. Откако ќе се наредат сите канелони се полеваат со остатокот од доматното пире така што целосно да бидат покриени канелоните.
Се ставаат во загреана рерна на 180 степени и се печат околу 45 минути.
Пред да се извадат, врз нив се става крупно изренданиот кашкавал и се враќаат во рерна да се допечат уште 5 минути.