Еве како да ја исчистите корпата за отпадоци на сосема природен начин.




Поминуваме многу време во кујната, подготвувајќи ги сите тие вкусни јадења и секогаш се трудиме да ја одржуваме совршено чиста и уредна за да избегнеме контаминација и ширење на бактерии на работните површини или садовите. Сепак, многумина од нас одолговлекуваат со темелно чистење на корпата за отпадоци, но кога таа ќе почне да мириса непријатно дури и откако ќе ја испразните, знаете дека е време да се соочите и со таа задача. За чистење на корпата за отпадоци, можете да користите храна што ја имате во вашето домаќинство.




1. Талог од кафе
Кафето е многу ефикасно за чистење на маснотиите. Едноставно ставете две лажички талог од кафе на влажна крпа и исчистете ја корпата. Талогот од кафето можете да го користите и за да ги отстраните непријатните мириси со тоа што ќе го попрскате на дното на кантата пред да ја ставите кесата за ѓубре.




2. Сода бикарбона
Сода бикарбоната е незаменлива состојка во секоја кујна поради различните намени. Освен што се додава во јадењата, особено при подготовка на колачи, за квасното тесто, многу домаќинки користат и сода за чистење. Лесен начин да ги спречите непријатните мириси е да посипете сода бикарбона на дното на корпата и да ја оставите таму додека корпата не се наполни. Кога ќе ја испразните корпата, не заборавајте повторно да посипете сода на дното.




3. Лимон
Посипете сода бикарбона на дното на исчистената корпа и истресете ја за десет минути. Потоа изрендајте во внатрешноста на корпата половина лимон, па дури потоа ставете ја кесата за ѓубре.




4. Оцет
Ова е совршен начин да го вратите сјајот на вашата корпа. Направете 1: 1 мешавина од вода и алкохолен оцет и истурете во шише со распрскувач. Испрскајте ја корпата, а потоа со сунѓер истријте ја надворешната и внатрешната страна.