Како да направите мус од мортадела

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Намаз со префинет вкус што е многу лесен за правење. Намачкајте го на тост леб, пецива или крекери и послужете како предјадење. Ќе ги изненадите вашите гости со нешто ново и многу вкусно. Се подготвува за неколку минути.

Состојки:

  • 300 гр мортадела
  • 120 гр свежо полумасно сирење
  • 100 гр крем за готвење
  • 1 лажичка сенф
  • 2 лажички растително масло
  • 1 лажичка бибер
  • ф’стаци
  • пармезан
  • леб или пецива по ваш избор
  • зелена салата по избор

Подготовка:

Исечете ја мортаделата на коцки и ставете ја во блендер. Додадете свежо полумасно сирење, крем за готвење, сенф и бибер. Вклучете го блендерот и почекајте една минута додека сите состојки не се претворат во крем.

- Advertisement -

Ако сакате, додадете до 2 лажички масло за јадење или крем за да постигнете дополнителна кремавост на намазот, како и дополнителни зачини по желба.

Вклучете го блендерот повторно и оставете околу 2 до 3 минути.

Може да го послужите мусот од мортадела веднаш или да го ставите во сад со капак и да го чувате во фрижидер за подоцна да го сервирате. Може да користите мус како полнење за равиоли.

Пред сервирање, запечете го лебот или пецивото по ваш избор на тава за скара. Нанесете многу мус од мортадела и посипете со излупени ф’стаци, рендан пармезан и зелена салата по желба.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!