Како да направите лековит сок од чуваркуќа: Напиток полн со витамини – го штити телото и помага при тегоби!

Вреди да се проба:

Реклама

Чуваркуќа, растение за здравје и долговечност од кое може да го направите овој освежителен и лековит сок.

Се верува дека чуваркуќа е растение кое го штити домот од лоша енергија, но нема само симболично значење, туку со векови се користи во природната медицина како лек за разни болести.

Реклама

Растението чуваркуќа содржи витамини А и Ц, а најважни во својот состав се фитоенцидите, супстанции кои имаат силно антисептично дејство и помагаат во борбата против бактериите.

Листовите од чуваркуќа најчесто се користат за лекување на инфекции на увото, респираторните и дигестивните органи, а комбинацијата од мед и чуваркуќа се користи кај бронхитис.

Реклама

Сокот и чајот од чуваркуќа најчесто се користат за стомачни болки, чиреви и за ублажување на проблемите предизвикани од Helicobacter pylori, кој предизвикува тежок гастритис. Овој сок повремено можете да го користите и како пијалок за детоксикација на телото.

Како да направите сок од домашна помошничка?

Соберете 150 гр. листови од домашното растение чуваркуќа, кое се одгледува во здрава и природна средина. Потоа измијте и исчистете ги листовите, па ставете ги во блендер и сомелете додека не добиете хомогена смеса.

Добиената течност процедете ја низ мрежа за цедење, а остатокот фрлете го. Во добиената течност исцедете сок од еден лимон, па измешајте го добро додека се соедини. Додадете 2 лажички мед во сокот и измешајте сè. Сокот можете да го послужите ладен со додавање листови од нане.

- Advertisement -

Забелешка: Задолжително консултирајте се со вашиот лекар пред да користите природни лекови.

Извор:Sensa

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -