Реклама
Капама – Рецепт за старо традиционално јадење направено од нашите баби!




Состојки:
- 2 кромида
- 2 чешниња лук
- 600 гр спанаќ
- 1 дцл млеко
- чаша ориз
- 2 јајца
- лажичка црвен пипер
- лажичка сув зачин
- сол
- бибер
- масло




Подготовка:
Исечете го кромидот и пржете го на масло, додадете лук. Кога малку ќе порумени, додадете измиен и грубо исечен спанаќ.
Реклама




Како што спанаќот омекнува, додадете му шолја ориз. Пржете околу 10 минути. Зачинете со зачин и црвен пипер, истурете вода во него и вријте на тивок оган додека оризот не стане скоро мек.




Пренесете ја полу-течната смеса во плех за печење, истурете јајца изматени со млеко и ставете во рерна да се пече.
Реклама




Послужете со јогурт како главно јадење или како топло предјадење.
Пријатно!