Еве како лесно да ја исчистите микробрановата печка без премногу мака и напор.




Микробрановата печка стана еден од неизбежните уреди во повеќето домаќинства. Покрај загревањето и одмрзнувањето на храната, некои модели имаат можност и за подготовка на храна. Тоа значи дека во овој апарат се акумулираат и остатоци од храна и маснотии.




И покрај редовното одржување, невозможно е да се избегне темелно чистење во одреден момент. Сето ова е можно со помош на овој трик, а се што ви треба е еден лимон.




Ако не сте сигурни како најдобро да ја исчистите вашата микробранова печка, овој практичен и евтин начин ќе направи да блесне со стариот сјај, без употреба на хемикалии.




Во керамички сад истурете 150 мл вода, преполовете го лимонот, па исцедете ги двете половини. Во садот ставете ги исцедените половини од лимонот и ставете го во микробранова рерна да работи на највисока моќност две минути.




Кога микробрановата печка ќе го заврши процесот, оставете го садот со вода и лимон во него следните пет минути. Потоа извадете го садот, измијте ја чинијата од микробранова печка како и секој обичен сад и избришете ја микробрановата печка со кујнска крпа или влажна крпа. Во случај на наслаги, натопете ја крпата во вода и лимон, а потоа подетално избришете ги дамките. На крајот, избришете со чиста, сува крпа.