И ДЕКОРАТИВНО, И ВКУСНО: Пециво полнето со кашкавал и сирење!

Вреди да се проба:

Реклама

Најубавото полнето тесто што можете да го послужите во сите прилики.

Состојки:

Тесто:

Реклама
  • 650 гр брашно
  • 40 гр свеж квасец
  • половина лажица шеќер
  • 100 мл млеко
  • 100 мл минерална вода
  • 100 мл масло
  • рамна лажица сол
  • едно јајце

Состојки за полнење:

  • 150 гр сирење
  • 100 гр исечен кашкавал на ленти
  • една жолчка за да се премачка тестото

Подготовка:

Активирајте го квасецот, а потоа измесете мазно тесто од состојките кои се пишани за тестото. Убаво измесете го и оставете да нарасне околу 45 минути.

Реклама

Откако ќе нарасне тестото поделете го на четири топчиња кои ќе ги оставите повторно да одморат. Потоа секое ќе го расукатево форма на правоаголна кора која нема да биде многу голема и долга, и на едниот крај од тестото со нож ќе засечете тенки линии слично како кога правите кифлички.

На другиот крај од кората ќе го ставите филот кој го подготвивте со мешање на состојките, и ќе го поделите така што да ви стигне за сите кори. Откако ќе го ставите филот, замотајте ја кората како кифличка со тоа што засечениот дел ќе биде однадвор како на сликата.

Наредете ги во плехот за печење и оставете малку така да одмори додека да се загрее рерната. На крајот премачкајте со жолчка и посипете со семе од сусам. Печете на 180 степени 25 минути.

- Advertisement -

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -