Италијански омлет: Фритата со сланина, спанаќ, печурки и кашкавал за вкусен појадок

Вреди да се проба:

Реклама

Подгответе вкусен појадок на италијански начин. Направете вкусна и богата фритата која ќе ве засити за цел ден. 

Состојки:

Реклама
  • 8 јајца
  • 2 лажиче сенф
  • 100 гр печурки
  • 100 гр сланина
  • 1 црвен пипер
  • 1 црвен кромид
  • 50 гр спанаќ
  • 2 домати
  • 60 гр кашкавал
  • 2 лажици. маслиново масло
  • Магдонос
  • Пипер
  • Сол

Подготовка:

Во длабок сад изматете ги јајцата и измешајте ги со сенф и рендан кашкавал.

Во тава за пржење која е погодна и за рерна загрејте малку масло.

Реклама

Исечете ги на ситно кромидот, пиперките, печурките, сланината и додадете ги во тавата со загреано масло. По околу 5 минути додадете го спанаќот и намалете ја температурата на огнот.

Додадете ја смесата со јајца и рамномерно распоредете ја во садот. Одозгора наредете парчиња домати и кога омлетот ќе се зацврсти, префрлете го во рерна.

Печете околу 15 минути во загреана рерна на 180 степени.

- Advertisement -

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -