Италијанска шарлота од јаболка: Неверојатно меко и сочно боженство на вкус, готово за миг!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Ви подготвивме еден многу едноставен рецепт за еден повеќе од вкусен десерт.

Состојки:

  • 500 гр. лупени јаболки (исецкани на парченца од 1 сантиметар)
  • 180 гр. брашно (пресеано)
  • 1/2 прашок за пециво
  • 2 жолчки
  • 130 мл млеко
  • 1 лимон
  • 50 гр. путер
  • 100 гр. шеќер
  • 1 паковање ванилин шеќер
  • прстофат сол

Подготовка:

Олупете ги јаболките, пресечете ги на четвртини и исчистете ги од семето. Секоја четвртина дополнително сечете ја на парчиња со дебелина од 1 сантиметар. Ставете ги во сад и прелијте ги со лимонов сок.

- Advertisement -

Во длабок сад измешајте пресеано брашно, прашок за пециво и сол. Измешајте ги убаво состојките и оставете го садот на страна.

Во друг сад изматете две жолчки заедно со шеќер и ванилин шеќер. Матете убаво за  шеќерот да се стопи а смесата да стане посветла. Потоа додадете 25 грама стопен путер и млеко. Кога смесата ќе се изедначи прекинете со матење.

Полека додадете го брашното што го подготвивте во првиот сад и мешајте со лажица додека се соединат сите состојки. Оставете на страна.

Земете кружен плех за печење (или калап за торти), обложете го со хартија за печење и ставете малку масло. Истурете ја смесата и убаво израмнете ја одозгора. Потоа врз смесата наредете ги парчињата јаболка, парче по парче подредени во круг.

Остатокот од маслото (25 грама) стопете го и во него додадете лажица шеќер, добро измешајте ги и прелијте ги врз јаболките.

Печете на температура од 185 степени Целзиусови, околу 30 минути, односно се додека не порумени. Кога ќе биде готова тортата извадете ја од фурна и оставете да се олади.

Пред служење, насечете ја на еднакви триаголници и посипете ја со шеќер во прав или цимет. По желба може да додадете шлаг пена.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!