Сокот од портокали е еден од најпопуларните пијалаци на светот. Не мора да го купувате, туку можете и сами да си го направите. Од еден килограм портокали може да добиете 10 литри вкусен и освежителен сок.
Овој сок се приготвува од само 3 состојки, а од само 1 кг портокали (околу 4 портокали), ќе добиете 10 литри сок. Неверојатно нели!? Погледнете го рецептот во продолжение.
Потребни состојки:
- 1 кг. портокали
- 1 кг шеќер (може и 700 гр. шеќер или стевиа)
- 6 гр. лимонска киселина
- 9 литри вода.
Подготовка:
Портокалите добро измијте ги, наредете ги во тенџере, прекријте ги со вода колку да биде прекриено овошјето и оставете го така преку цела ноќ.
Следниот ден таа вода фрлете ја, а портокалите заедно со кората исечете ги на парчиња и отстранете ги семките. Ставете на оган да зоврие 1 литар вода.
Во врелата вода ставете една кесичка лимонтус, па додадете ги портокалите исечени на коцки. Заедно варете ги на умерен оган околу 20-30 минути. Тргнете го тенџерето од оган и со рачен миксер измиксајте ги портокалите во тенџерето.
Оставете смесата малку да се олади, па додадете ги преостанатите 8 литри вода.
Добиениот сок прелијте го во чисти стаклени шишиња и уживајте во вкусниот напиток.
Совет плус: Доколку не сакате многу сладок сок, намалете ја количината на шеќер, па наместо 1 кг употребете 700 г шеќер. Ако не сакате пулпа да има во сокот, тогаш процедете го низ газа.