Интегрални тестенини, највкусната вечера во светот: Брза за приготвување и нискокалорична! 

Вреди да се проба:

Ако барате нешто вкусно и нискокалорично за вечера, ова е одличен предлог. Тестенините со пилешко и зеленчук се богати со витамини, минерали и протеини, па затоа се одлични за оние кои се грижат за линијата. Совет е да користите интегрални тестенини наместо обични тестенини. Друг плус е што оваа вечера е подготвена за само 20 минути.

Состојки:

  • 500 гр пилешки гради
  • 500 гр интегрални тестенини
  • 1 тиквичка
  • 1 праз
  • 1 кромид
  • 2-3 моркови
  • 200 гр печурки
  • Зачин
  • Бибер
  • Лажица масло
  • Соја сос

Подготовка:

Варете ги тестенините во зовриена вода, па кога се готови тргнете ги настрана.

- Advertisement -

Пржете го зеленчукот и белото месо на масло. Посолете и малку бибер по желба.

Кога зеленчукот и месото се подготвени, измешајте се со тестенините. Бидејќи ова е „лесна“ верзија на вечера, сосот во овој случај ќе биде соја сос со кој ќе ги полиете тестенините за подобар вкус.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!