За убав почеток на денот, подгответе ги овие превкусни интегрални палачинки. Мал совет, ако палачинките ви се лепат за тавчето, додадете уште малку брашно во смесата.
Состојки:
- 4 супени лажици соино млеко во прав
- 380 мл вода
- 70 г пченично брашно
- 140 г бело брашно
- 5 супени лажици ладно цедено сончогледово масло
- 1 кафена лажичка кафеав шеќер
- 1/2 кафена лажичка сол
- 1 кафена лажичка прашок за пециво
- 1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка:
За да го подготвите тестото за палачинки, измешајте ги сите состојки во подлабок сад и оставете ја смесата да отстои околу 15 минути.
- Advertisement -
Пржете ги палачинките во добро загреано тавче премачкано со малку сончогледово масло.
Послужете ги палачинките додека се уште топли. Можете да ги намачкате со некој диетален џем од сливи, кајсии, вишни), да ги послужите со мед и сечкано јаткасто овошје (ореви или бадеми), или едноставно да ги прелиете со јаворовиот сируп.
Забелешка: Од овие состојки излегуваат околу 5-6 палачинки.
Уживајте!