Инстант вечера! Кога немате многу време направете го ова јадење: Компир во тава на нов начин-Сите ќе бидат воодушевени!

Вреди да се проба:

Реклама

Со помош на овој рецепт ќе направите вечера за 20 минути, а резултатот ќе ги воодушеви домашните.

Ви претставуваме еден многу едноставен рецепт за вкусна вечера. Подгответе компир на потполно нов начин. Ќе го засакаат дури и оние кои досега одбиваа да го јадат, бидејќи ова јадење е фантастично.

Реклама

Потребни состојки :

  • 500 гр компир
  • сол по потреба
  • 1 јајце
  • 1 шолја брашно
  • масло
  • 100 гр кашкавал (сечен на тенки листови)
  • 1/2 домат

*По желба, во полнењето можете да додадете и шунка.

Начин на подготовка:

Исечете ги компирите на средни парчиња, ставете ги да се сварат, посолете и покријте ја шерпата. Кога ќе се свари, прецедете ја водата, испасирајте го компирот како за пире од компири, посолете, додадете брашно и јајце и добро измешајте. Замесете го тестото со раце и поделете го на 2 дела.

Реклама

Загрејте масло во тава. Ставете една половина од тестото, истегнете го до рабовите со рака (треба да биде како палачинка, за да го покриете дното). Наредете го кашкавалот и доматот исечкан на прстени. По желба, во полнењето можете да додадете и шунка. Намаслете ги рацете и земете ја другата половина од тестото и покријте го полнењето од домат и кашкавал (тегнете до рабовите).

Покријте ја тавата и печете на средна топлина околу 7 минути. Потоа со помош на чинија свртете ја палачинката да се испече и од другата страна.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Извор: stvarukusa.mondo.rs

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -