Лесно се прави, вкусот е одличен, ефектот е неверојатен!Ви предлагаме домашен чај за зајакнување на имунитетот, кој се прави лесно и брзо, и е многу вкусен. Содржи храна која е прав избор, како што се мед, ѓумбир, лимон и јаболков оцет.




Состојки:
- Вода
- Корен од ѓумбир
- Цимет
- Мед
- Јаболков оцет
- Лимон




Подготовка:
Излупете парче ѓумбир со големина од околу пет сантиметри, исечете го на парчиња.
Ставете го во шерпа со 800 милилитри вода и лажичка цимет, оставете го да зоврие, тргнете го од оган и оставете околу десет минути. Исцедете, изладете и измешајте две лажици јаболков оцет, три лажици мед и сок од еден лимон. Пијте по две чаши секој ден.




Зајакнувањето на имунолошкиот систем е природно најдобро решение ако сакате да го заштитите вашето тело од „напади“ од околината, како што се настинки и разни вируси. Домашните чаеви полни со здрави состојки се одличен избор.