ИЗРАДУВАЈТЕ ГИ ДЕЦАТА: Божиќни колачиња со ѓумбир!

Вреди да се проба:

Реклама

Израдувајте ги најмладите со овие слатки колачиња.

Состојки:

  • 85 гр путер
  • 100 гр мед
  • 3 лажици шеќер
  • 1 јајце
  • 250 гр брашно
  • 1/2 лажица сода бикарбона
  • 1 лажица цимет
  • 1 лажица ѓумбир
  • 1 кора од лимон
  • бел фондан
  • прехранбени бои

Подготовка:

Во длабок сад измешајте брашно, сода бикарбона, цимет и ѓумбир. Кората од еден лимон се ренда. Во длабока тава на тивок оган стопете ги путерот, шеќерот и медот. Откако ќе се растопи, тргнете го од оган.

Реклама

Кога смесата ќе се олади додадете го јајцето, брашното со зачини и ренданата кора од лимон. Од добиената смеса замесете меко тесто. Тестото од ѓумбир оставете го во фрижидер најмалку еден час.

Кога ќе го извадите тестото од фрижидер се развива до дебелина од околу половина сантиметар и колачињата се сечат во калапи. Исечените колачиња се редат во сад за печење претходно обложен со хартија за печење.

Реклама

Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 8 минути. Внимавајте да не ги изгорите, малку им треба. Колачињата потоа се прекриваат со фондан и се украсуваат.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -