Изненадете ги вашите гости со интересен ручек: Тиква полнета со колбаси и зеленчук!

Вреди да се проба:

Дефинитивно ќе ви се допадне овој рецепт. Ако сакате да пробате нешто поразлично, а сте љубител на тикви, тогаш пробајте го овој рецепт. Подготовката не зазема многу време, а за печење ви треба околу еден час.

Состојки:

  • 3 помали тикви (околу 2 кг секоја)
  • 1/2 кг колбаси
  • 1 кг печурки
  • 2 средни кромида
  • 1 средна зелена пиперка
  • 2 чешниња лук
  • 4 чаши варен ориз
  • 1 чаша рендан пармезан
  • 2 големи јајца
  • 1/4 чаша свеж магдонос
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка сушена мајчина душица

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 230 ° С. Исечете мал круг околу секоја дршка од тиквите. Отстранете ги врвовите исчистете ја тиквата.

- Advertisement -

Во голема тава испржете го колбасот што сте го исекле на прстени, исецкани печурки, сецкан кромид, сецкана пиперка и ситно сецкан лук на умерена топлина 6-8 минути. Тргнете од оган, а потоа додадете варен ориз, 3/4 чаши пармезан, изматени јајца, сецкан магдонос и мајчина душица.

Ставете ја тиквата на плехот за печење и наполнете ја со подготвената смеса. Ставете ги врвовите од тиква и печете 30 минути. Потоа намалете ја рерната на 180° C и печете уште половина час.

Користете нож за да проверите дали тиквата е подготвена (треба да биде мека). Ако не, почекајте додека не омекне.

Кога е готово, извадете го горниот дел од тиквата и посипете со преостанатиот пармезан и послужете.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!