Супите се здрави и брзо се подготвуваат и можат да го заменат оброкот.
Состојки:
- 400 гр мешавина од замрзнат зеленчук за супа
- 1 литар вода
- 1 јајце
- 1 лажица брашно
- сол, зачин од билки по потреба
Подготовка:
Ставете го зеленчукот по ваш избор во тенџере, а потоа истурете вода и варете. Додадете сол, и кога ќе зоврие, намалете го и варете го на тивок оган уште 10-15 минути.
- Advertisement -
Кон крајот на готвењето, искршете го јајцето и изматете го со лажица брашно и полека ставете го во супата мешајки. Зачинете со зачин од билки по вкус, вријте уште неколку минути.
Послужете ја супата во сад со додавање млечен крем или неутрална павлака.
Добар апетит!