Салата за зимските денови.




Подгответе бабури полнети со зелка и морков и уживајте во прекрасниот вкус.
Состојки:
- 3 кг пиперка бабура
- 1.5 кг зелка
- 500 гр моркови
- 2 парчиња црвен пиперки
- 2-3 зелени домати
- 5 л вода за пресол
- 1 дцл есенција {концентрирана 80% алкохолна киселина)
- 100 грама сол
- 5 грама винобран
- 5 гр конзерванс
- 2 пакувања бибер во зрно
- магдонос, листови целер
Подготовка:




Прво подгответе го пресолот бидејќи се користи ладен. Во тенџере на оган загрејте ја водата, оцетот и солта.Кога ќе зоврие тргнете го на страна и кога ќе се излади додајте го винобранот и конзервансот.




Од измиените бабури извадете ги дршките и семките за да бидат спремни за полнење. Во длабок сад ставете ситно сечкана зелка, крупно изрендан морков и ситно сечкан црвен пипер, посолете како за салата и измешајте {по можност со рака за полесно да омекне зелката}




Бабурата наполнете ја со подготвената салата од зелка, во секоја бабура ставете зрна бибер и како капак ставете парче зелен домат.




Наредете ги полнетите пиперки во чисти тегли, помеѓу нив ставете листови магдонос, неколку зрнца бибер и можеби неколку листови целер. Се преливаат со ладен пресол, одозгора натиснете ги со решетка и додадете течност по потреба. Затворете ги теглите. Доколку вториот ден забележите дека на теглата и недостасува течност, дополнете ја. Складирајте на ладно место.
Пријатно!