Доручек за мерак. Супер одат со сиренце, кисело млеко, јогурт..
Состојки:
- 1 кг. меко брашно Т400
- 2 лажички сол
- 2 јајца
- 1 квасец (40 гр.)
- 1 лажичка шеќер
- 2 дцл. млака вода
- 2,5 дцл. јогурт
- 2 лажици кисела павлака
- 1 чаша пармезан сирење
Подготовка:
Во сад за матење измешајте го квасецот со 2 дл млака вода, шеќер и 1 лажичка брашно. Оставете да нарасне. Во длабок сад додадете просеано брашно, 2 лажички сол. Се меша и се додава јогуртот, 2 лажици павлака, јајцата, пармезанот, додадениот квасец и се замесува тесто. Тестото не треба да биде ниту премногу меко, ниту премногу цврсто. Ставете го тестото да нарасне.
Тестото развлечете го со сукало во дебелина од 0,5 до 1 cm по желба и исечете го на коцки. Оставете ги перничињата да нараснат и потоа испржете ги на врело масло.
Ставете ги перничињата во маслото, така што првин ставете ја страната која што е одозгора, односно страната која не се потпира на работната површина. Внимавајте тестото додека стои да не се исуши поради големата количина бидејќи при пржењето нема убаво да нарасне.
Пријатно!