Зимска салата – Витаминско освежување во студените денови!

Вреди да се проба:

Реклама

Оваа витаминска салата од кисела зелка е вистинско освежување за сечија трпеза.

Состојки:

  • 1/2 кисела зелка средна големина
  • 1 страк праз
  • 4-5 листови свежа рукола
  • 10 маслинки без семка
  • зачини: сол, оригано, ким и црн бибер
  • квалитетно маслиново масло по потреба

Подготовка:

Најпрво се вадат листовите зелка и се мијат под млаз вода. Се притискаат убаво за да се исцеди секој вишок на течност. Потоа се сечат на тенки лентички, не предолги и преголеми.

Реклама

Празот се чисти и се сецка на тркалца од околу 1 см.

Руколата се искине со раце на поголеми парченца. Не треба да се ситни премногу за да не се изгуби вкусот.

Реклама

Маслинките се сечат на половинки.

Сите овие состојки се додаваат заедно со зелката и убаво се мешаат.

Се зачинува со оригано, ким и црн пипер, и се посипува со малку маслиново масло.

- Advertisement -

На здравје!!!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -