Здрав ЛЕБ СО СЕМКИ: За подобар и поздрав оброк!

Вреди да се проба:

Направете ја оваа здрава верзија на домашен леб и уживајте во секој оброк.

Состојки:

  • 350 грама интегрално брашно
  • 150 грама обично брашно
  • 1 кесичка сув квасец
  • 10 грама сол
  • 500 мл газирана вода
  • 90 грама семки од тиква
  • 40 грама семки од сончоглед
  • 2 лажици чиа семе
  • 2 лажици сусам
  • 3 супени лажици овесни снегулки
  • 2 супени лажици ленено семе

Подготовка:

На хартија за печење посипете семки од тиква и сончоглед и ставете во загреана рерна на 180 степени 10 минути. Потоа оладете ги. Измешајте брашно, сув квасец, сол. Измешајте ги сите семки и на крајот газирана вода. Месете 15 минути. Тестото излегува исклучително лепливо.

- Advertisement -

Оставете го тестото да нарасне еден час. Потоа обликувајте го во леб и ставете го на подмачкан плех. При обликувањето можете да додадете малку брашно за тестото да не се залепи премногу за прстите.

Намачкајте го врвот на тестото со вода и посипете со мешани семиња. Оставете да нарасне 20 минути, па ставете го во загреана рерна на 220 степени 40 минути – ставете го во долниот дел од рерната. По околу 25 минути покријте го со алуминиумска фолија за да не се препече.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!