Вкусен оброк за целото семејство, изгледа интересно за најмалите а во исто време е и здраво.




Состојки:
- 80 гр свеж спанаќ
- 20 гр свеж магдонос
- 250 -300 гр свежо млеко
- 1 јајце
- 1 гранче мајчина душица свежа
- 1/2 лажиче сол
- 180 гр брашно
За полнењето:
- 100 гр крем сирење
- 1 лимон
- 1 гранче мајчина душица свежа
- сол по вкус
- 200 гр кашкавал
- 8 јајца
Подготовка:
Во блендер ставете го измиениот спанаќ, магдонос, млеко, мајчина душица и изблендирајте додека не стане мазна целата смеса. Додадете го јајцето и повторно изблендирајте. На крај додадете го брашното (добро е да го просеете) и сол. Блендирајте кратко додека брашното не се апсорбира и нема грутки.




Загрејте малку маснотии во соодветна тава и почнете да ги печете палачинките.
За полнењето:
Вклучете ја рерната да се загрева до 200 * C . Во сад, измешајте го крем сирењето со сок од 1 лимон, исечкана мајчина душица и малку сол. Изрендајте го сирењето.
Во центарот на секоја палачинка, намачкајте малку од смесата со крем сирење, посипете со рендано сирење, оставајќи мало вдлабнување во срединатат каде што ќе лежи јајцето. Скршете јајце во средината.




Внимателно завиткајте ги четирите краја на палачинката, така што тие покриваат дел од филот и формираат квадрат. Ставете ги палачинките на плех со хартија обложен. Печете ги палачинките во загреана рерна 10 минути – кашкавалот треба да се стопи, а јајцата да се зацврстат. Послужете со свежа салата.
Од оваа смеса се добиваат околу 8 палачинки, во зависност од големината на вашата тава. Смесата можете да ја прилагодите на вашите потреби.




Пријатно јадење!