Збогатете го вашето празнично мени: Велигденски погачици со јајце! 

Вреди да се проба:

Ова е рецепт за десерт кој може да го збогати вашето мени што го подготвувате за Велигден, а истовремено да ги развеселите и вашите малечки.

Овој леб или да го наречеме торта (бидејќи во рецептот користиме шеќер) дефинитивно ќе ја украси вашата трпеза со својот изглед, а истовремено ќе ве воодушеви со својот вкус.

- Advertisement -

Состојки:

  • 1 вреќичка инстант квасец
  • 2,5 дл млако млеко
  • малку сол
  • 100 гр путер
  • 2 јајца
  • 1/2 чаша шеќер
  • 3,5 чаши брашно
  • 1 јајце
  • 1 лажичка вода

За украсување:

  • 6 обоени јајца
  • украсни шарени трошки за торта

Подготовка:

Во чаша измешајте инстант квасец, половина лажичка шеќер со млако млеко. Ставете го остатокот од млекото, солта, путерот, шеќерот и квасецот во садот кога ќе нарасне.  Додадете половина од брашното и добро измешајте. Постепено додавајте го остатокот од брашното до количината за да не лепи тестото.

Не се мачете многу дури и ако ви треба малку повеќе брашно од планираната количина или помалку. Покријте го садот со крпа, и оставете го еден час на топло место додека смесата не се удвои.

Потоа поделете го тестото на 12 парчиња, исукајте ги во ролна секое дебело околу 2-3 и долг околу 30-35 см. Завртете ги ролните едни околу други, како плетенка само со две ролни и спојте ги во прстен. Наредете ги на плех покриен со хартија за печење и оставете ги еден час да стасаат уште повеќе.

Измешајте едно јајце со една лажичка вода, и премачкајте го тестото. Ставете обоено јајце на средина од секој леб и посипете со разнобојни трошки за торта за украсување. Ставете во загреана рерна на 180 º Ц,  20-25 минути додека не добијат златножолта боја.

На здравје!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!