Ќе ви надојде вода во устата само кога ќе го прочитате овој рецепт.




Состојки:
- 250 гр павлака
- 5 гр сода бикарбона
- 2 јајца
- 400 гр брашно
- 30 мл масло
- 150 гр сирење фета
- 250 гр рендан кашкавал
- сол
- путер
Подготовка:
Измешајте павлака и сода бикарбона и оставете ја смесата да отстои околу 15 минути.
Додадете едно јајце, сол и масло и матете. Потоа, додадете брашно и замесете мазно тесто. Оставете да се одмори 15 минути, а потоа измешајте и поделете на 5 дела. Обликувајте го секој во топка, а потоа оставете да одмори уште 15 минути. Во меѓувреме, измешајте рендан кашкавал со фета и едно јајце и мешајте додека сето не стане кремасто.




Секое топче тесто расукајте го, па врз него ставете полна лажица смеса од сирење. Тестото превртете го над смесата и добро затворете го, па расукајте го во лепиња. Истото направете го и со остатокот од тестото и смесата.
Печете во тефлон без масло од двете страни, лепињите ќе пораснат како балон. Се редат на чинија, и се премачкуваат со малку путер.




На здравје!