Реклама
Чинија полна здравје. Започнете го денот со вкусни палачинки од зеленчук кои не одземаат време за подготовка.




Состојки:
- 1 чаша брашно од наут
- малку сол
- прстофат сода бикарбона
- 1/4 лажичка куркума
- 1/2 лажиче мелен коријандер
- 1/2 лажичка мелен ким
- 1/2 чаша вода
- лажичка сок од лимон
- 1 чаша мешавина од зеленчук по ваш избор (Грашок, кромид, моркови, домати, брокула, карфиол, зелка)
- 1 лажица сецкани лисја од магдонос
Подготовка:
Во сад измешајте брашно од наут, сол, сода бикарбона и зачини. Постепено истурете ја водата и добро измешајте. Додадете сок од лимон и мешавина од зеленчук (ситно исецкајте го целиот зеленчук освен грашок) и магдонос.
Реклама




Лесно подмачкајте многу жешка тава и истурете околу 1/2 чаша смеса; истурете го така што палачинките да не бидат премногу густи. Тавата по можност треба да биде што помала за да добиете убави форми на палачинките.
Печете на средна топлина. Кога дното ќе стане кафеаво и ќе се појават меурчиња на површината, по 4-5 минути, свртете и печете од другата страна.
Реклама




Добар апетит!