Реклама
Закуски кои ја зајакнуваат душата.




Состојки:
- 100 гр брокула
- 100 гр печурки
- 2 поголеми компири
- 1 поголем морков
- 100 гр боранија
- 1 црвена пиперка
- 1 жолта пиперка
- маслиново масло по потреба
- сок од 1 лимон
- сол по вкус
- 1 лута пиперка




Подготовка:
Бланширајте ја брокулата и печурките и на кратко запржете ги боранијата и пиперките. Исечете ги компирите на парчиња, а морковите на прстени и проварете ги на вообичаен начин.
Реклама




Измешајте ги сите состојки заедно, зачинете ги со маринадата што сте ја направиле од маслиново масло, сок од лимон и сол. На крај, додадете една исечена лута пиперка.




Оваа мешавина која ја подготвивте ставете ја во сад за печење, зачинете повеќе по потреба и ставете да се пече во рерна на 200 степени околу 25 минути.
Реклама




Добар апетит!